Помпео: Jа пречекавме Северна Македонија во НАТО

majk-pompeo-pres-4okt19-vlada-rsm
majk-pompeo-pres-4okt19-vlada-rsm

Мајк Помпео државниот секретар, на одбележувањето на 231-та годишнина од формирањето на Стејт департментот синоќа ги истакна успесите на американската дипломатија во изминатата година, меѓу кои, го посочи и зачленувањето на Северна Македонија во НАТО.

Zito akcija 640x289px

„Во годината што измина, продолживме со притисокот против режимот во Иран…, промовиравме мир во Авганистан… и на нашите сојузници и партнери им ја откривме вистинската природа на кинеската Комунистичка партија. Исто така, ја пречекавме Северна Македонија како 30-та членка на НАТО и објавивме план за имплементација на американската стратегија за жените, мирот и безбедноста, бидејќи да се даде власт на жените е правилно и тоа ќе го направи светот побезбеден“, рече државниот секретар Мајк Помпео.

Agria

Помпео ги пофали кадрите во Стејт департментот за, како што рече, „исклучителната работа за промоција и презентација на нашите демократски вредности и унапредување на каузата“.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: