Реклама

Се намалува процентот на заболени од корона вирусот

uk_hospital

Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека во последните 24 часа од коронавирусот починале пет лица, односно, пациент од Скопје на 70-годишна возраст, пациент од Кичево на 72-годишна возраст, пациент од Куманово на 64-годишна возраст, пациент од Прилеп на 48-годишна возраст и пациент од Штип на 76 години.

Zito akcija 640x289px

Во последните 24 часа се потврдени 102 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 39 случаи во Скопје, 13 во Штип, 11 во Куманово, осум во Гостивар, шест во Битола, четири во Кичево, по три во Прилеп, Охрид, Кавадарци и Свети Николе, по два во Тетово и Струга, и по еден случај во Радовиш, Кочани, Демир Хисар, Македонски Брод и Виница.

Agria

Институтот за јавно здравје регистрирал 99 оздравени пациенти, односно, 49 од Скопје, 17 од Струга, 15 од Охрид, десет од Тетово, по два од Штип и Гостивар и по еден од Струмица, Кочани, Кичево и Ресен.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10315,  бројката на оздравени пациенти е 5663, на починати е 471, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4181.

До овој момент во Македонија се направени вкупно 97.550 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 1.356 теста.

Можеби ќе ве интересира: