Обвинителството влезе во ДИК, ја истражува набавката на софтверот за изборните резултати

DIK
DIK

Денеска Обвинителството за организиран криминал и корупција, влезе во Државната изборна комисија со цел да ја одземе документацијата околу компјутерската фирма која ја изработи апликацијата за следење на резултатите на изборите.

Zito akcija 640x289px

„Поднесовме барање до судија на претходна постапка да даде наредба за претрес поради сомневања за јавната набавка. Ќе ја провериме законитоста на јавната набавка“, изјави Вилма Русковска за Сител.

Agria

Постапката за софтверот е отворена по допрен глас, откако по падот на сајтот се откри дека тендерот за софтверот еднаш бил поништен за потоа преку постапка со преговарање без објавување на оглас, надградбата на софтверот да ја добие компанијата „Дуна“.

Поради хакерски напад кој траеше неколку дена, Државна изборна комисија не беше во можност да ги соопштува изборните резултати од предвремените парламентарни избори.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: