Фармацевтската компанија Модерна планира да ја продава стандардната доза на вакцина против коронавирус по цена од 50 до 60 американски долари, што е за околу 11 американски долари повеќе од цената на вакцините што ќе ги продаваат „Фајзер“ и „БиоНТех“, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на неименувани извори.
Предложената цена на Модерна е повеќе од 39 американски долари за две дози, сума договорена меѓу „Фајзер“ и германскиот „БиоНТек“ и американската Влада, пишува весникот, истакнувајќи дека Модерна ја држи таа цена за САД и другите побогати земји.
Американската влада и обезбеди на Модерна финансиска поддршка од речиси една милијарда американски долари за напорите за истражување и развој на потенцијална вакцина против Ковид-19.
Извор: libertas.mk
Можеби ќе ве интересира: