За прв пат по 28 години, Охридскиот пливачки маратон нема да се одржи

plivanje-slider
plivanje-slider

По цели 28 години, откако беше реобновен во 1992 година, една од најголемите домашни спортски манифестации, Охридскиот пливачки маратон оваа година нема да се одржи. Како што информираат од Пливачката федерација, поради пандемијата на коронавирусот, ФИНА одлучила да ја откаже за оваа година целокупната светска серија во маратонско пливање.

Zito akcija 640x289px

„Пливачка федерација на Северна Македонија (ПФСМ), како активен член на Светска пливачка федерација (ФИНА) и единствена надлежна за пливање и далечинско пливање во нашата Држава, Ви соопштува дека овогодинешните официјални интернационални пливачки маратони од светска серија за 2020г, (Традиционален Охридски Пливачки Маратон 25км, и олимписка дисциплина 10км) НЕМА да се пдржат, поради светска пандемија (Ковид-19) и едногласно откажување на целокупната ФИНА светска серија за 2020г во светот, почитувајќи ги препораките на Светска Здравствена Организација- СЗО за превентивна медицинска и здравствена заштита на спортисти- пливачи, тренери, организатори и публика“ – информираат од Пливачката федерација, притоа дополнувајќи:

Agria

„ПФСМ и ФИНА посакуваат пред се, многу здравје на сите спортисти и спортски работници, професипнална работа за што поскоро да уживаме на нови официјални пливачки натпревари. Воедно Ве информираме дека за 2021г, ПФСМ, Охрид и нашата држава, согласно одлука од ФИНА ќе бидат домаќини покрај на овие два пливачки маратони (25км – 21.08.2021г, и 10км- 28.08.2021г) од ФИНА- светска серија, и на повеќе реномирани официјални пливачки натпревари во пливање и далечинско пливање, со единствена цел Охрид да прерасне во еден од три светски центри за пливање и далечинско пливање“.

Извор: ekipa.mk

Moжеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: