Реклама

Семејството на починатиот велешки правобранител Борче Пинев реши да ги донира неговите органи

Pinev Prvobranitel

Велешанецот Борче Пинев кој вчера почина по трагичната несреќа е човекот кој негото семејство одлучи неговите органи да ги донира.

Zito akcija 640x289px

Mинистерот за здравство Венко Филипче, напиша дека утрово на Клиниката за Урологија биле експлантирани два бубрега од 46 годишен пациент кај кој вчера беше потврдена мозочна смрт.

Agria

„Во моментов, во тек е првата трансплантација на бубрег кај 35 годишна девојка која веќе неколку години е на дијализа, по што ќе следи и втората трансплантација. За жал, овој пат немавме соодветен примател на срцето и тоа нема да биде трансплантирано. Се заблагодарувам на семејството на донорот, кое во моментите на најголема болка одлучи да ги донира органите и да спаси уште најмалку два животи“, пишува Филипче.

Пинев почина вчера, откако неколку дена беше во болница во кома, по несреќата што му се случила при пад од височина.

Пинев имаше 45 години, а функцијата државен правобранител ја извршуваше осум години. Пинев беше сопруг и татко на две ќерки.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/9327/pochina-veleshkiot-pravobranitel-borche-pinev/