Реклама

Загина 16-годишен возач на моторцикл

policija-mk (1)

На 01.08.2020 во 22,05 часот било пријавено дека на регионален пат Куманово-Свети Николе, кај с.Доброшане,кумановско се случила сообраќајна незгода во која учествувале моторцикл „јамаха“, управуван од 16- годишен малолетник од с.Доброшане, патничко моторно возило „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки управувано од М.М.(24) од Куманово, кој првично го напуштил местото на настанот, а потоа сам се пријавил во СВР Куманово и паркирано патничко моторно возило„југо“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Т.Т. од Кумнаово.

Zito akcija 640x289px

Во незгодата возачот на моторциклот починал на лице место, а од екипа на итна медицинска помош била констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Куманово.

Agria

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/9439/janchev-do-muczunski-vo-partijata-kako-i-vo-biznisot-so-luzeri-ne-se-stignuva-daleku/