Реклама

Ни трага ни глас по 16-годишното момче кое вчера исчезна во водите на Преспанското езеро

pretor-udaveno-momce

Полицијата сè уште трага по шеснаесет годишното момче од Ресен, кое вчера доцна попладне исчезна во водите на Преспанското езеро, во туристичката населба Претор. Од полициската станица во Ресен велат дека момчето не е најдено и дека повеќе детали за случајот не можат да соопштат во моментов.

Zito akcija 640x289px

Според очевидци, до давањето дошло откако три млади капачи се возеле на педалинка. Од непознати причини педалинката се превртела. Двајцата млади капачи со пливање излегле на површина, а едното од децата не излегло од водата ,oбјави Нова Македонија. 

Agria

Исчезнувањето до полициската станица Ресен го пријавиле од Итната медицинска помош вчера, околу 18 часот.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/9477/vo-czrna-gora-petti-den-po-red-poveke-izlekuvani-od-novozarazeni/