Реклама

Конте во војна со управата на Интер

conte

Антонио Конте иницираше лавина од реакции со отворените критики кон управата на Интер непосредно по победата над Аталанта и освоеното второ место.

Zito akcija 640x289px

Менаџерот на Интер си ги пофали своите фудбалерите, но исто така и ги критикуваше челниците на клубот заради недоволната поддршка кон него и тимот во текот на целата сезона. Тамошните медиуми тврдат дека цел на нападот не бил Џузепе Марота, туку спортскиот директор Аусилио, но дека кинеските газди цврсто застанале на страната на директорот во однос на тренерот.

Agria

Според семејството Жанг, однесувањето на Конте било тотално неприфатливо, пред се поради фактот дека тој е убедливо најплатен тренер во Италија (со 11 милиони евра, годишно заработува повеќе од Сари и Гасперини заедно), а воедно клубот му излезе во пресрет и ангажираше голем дел од фудбалерите што тој ги посака во минатиот преоден рок (пред се Ромелу Лукаку, но и Барела и Алексис Санчез, како и јануарските трансфери на Јанг и на Мозес).

Тренерот од друга страна се жали дека не му биде донесени Видал и Џеко и дека Ериксен пристигнал без негов „амин“, но Кинезите сметаат дека на Конте му било дадено се за да состави тим за титула, немал притисок „скудето или отказ“, но сега самиот ја минал границата на нормално однесување.

„Скај Италија“ тврди дека веќе е даден и налог за раскин на договорот, па сега на потег е Марота, кој ќе треба да го „ублажи“ финансискиот удар. Конте има уште две години од актуелниот договор и заедно со целокупниот стручен штаб ќе треба да му бидат исплатени дури 30 милиони евра. За очекување е по завршницата од Лигата на Европа да се седне на маса и да се договори спогодбен прекин на соработката, по што „нероаѕурите“ веднаш би именувале тренер за наредната сезона.

Едно е јасно, Конте отвори фронт и војна од која ќе излезе како губитник.

Извор: ekipa.mk

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/9489/so-merki-za-zashtita-od-koronavirusot-utre-se-konstituira-sobranieto/