Реклама

Излекуван пациент повторно позитивен на коронавирусот

testiranje-2

Штипјанец за месец и половина по втор пат позитивен на корона. Прв пат вирусот  му бил потврден на почетокот од јуни. Тогаш овој 46 годишник бил тестиран иако немал никакви симптоми. По две недели добил два негативни теста и влегол во статистиката за оздравени пациенти.  Откако пред неколку денови развил симптоми, хоспитализиран е на инфективно во Штип. Брисевите потврдиле дека повторно е позитивен на Ковид 19. Според епидемилолозите веројатно во контакт со вирусот дошол преку членови на неговото семејство вработени во текстилството.

Zito akcija 640x289px

„Да, да, имаме и таков случај со повторна реинфекција на вирусот корона. Тој пациент е од Штип, и тестирања покажаа дека е негативизиран па повторно позитивен. Изјави Ален Ѓеоргиев директор на Клиничка болница Штип.

Agria

Вкупно на инфективно се лекуваат 45 пациенти од кои 34 се со потврден корона вирус, останатите се сомнителни со симптоми. Најголем дел се од Штип иако има и од останатите градови од истокот каде има случаи на Ковид 19. Болницата со сопствени средства набави нов современ респиратор. Сега располага со вкупно пет што ќе бидат ставени во функција ако има потреба и за најтешки случаи со корона вирус. Во меѓувреме анестезиолози и интернисти помагаат на инфективното одделение.

„Ние одиме и помагаме на инфективното одделение. Цело време сме на повик. Ако треба помош околу потешки случаи им стоиме на располагање. Изјави Радмила Зенделска анестезиолог во Клиничка болница Штип.

А бројките во Штип веќе втор месец одат само нагоре. Денес се регистрирани десет нови случаи. Битката со вирусот ја изгуби и 58 годишен светешник.  Според статистиката на Инстититутот за јавно здравје тој е 16-та жртва на корона вирусот во Штип.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/9641/88-novi-sluchai-na-koronavirus-megu-niv-dvajcza-veleshani/