Бројот на луѓе кои страдаат од ковид-19 во Африка надмина еден милион, а повеќе од половина од случаите се регистрирани во Република Јужна Африка, јавуваат светските агенции.
Во најпогодената земја на континентот, до вчера се регистрирани 538 184 случаи на ковид 19, меѓу кои има повеќе од 8000 нови случаи само во вчерашниот ден. Според официјалната статистика, досега починале 9604 лица.
И покрај големиот број на заразени од коронавирус, континентот сеуште е меѓу најмалку погодените.
Сепак, Светската здравствена организација предупредува дека ширењето на болеста во Јужна Африка предвидува што ќе се случи со остатокот од континентот, затоа што многу земји имаат неразвиени здравствени системи и ограничени можности за тестирање.
Можеби ќе ве интересира: