Овој викенд започнуваат натпреварите од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Први на терен ќе истрчаат фудбалерите на Борец и Вардар.
Фудбалската федерација на Македонија ги делегираше судиите кои ќе бидат дел од воведните мечеви.
За премиерниот натпреварот во Скопје помеѓу Вардар и Борец кој се игра во сабота, довербата да ја дели правдата ја доби Александар Ставрев, а помошници ќе му бидат Неделковски Дејан и Костенчев Никола.
На останатите натпревари кои се играат во недела, Јован Качевски ќе биде главен судија на натпреварот Шкупи – Шкендија. Во Битола Игор Стојчевски ќе биде главен судија на натпреварот помеѓу повратникот Пелистер и Академија Пандев.
Александар Грујоски ќе застане на центарот во Струмица каде Беласица ќе го пречека Силекс, во Џепчиште Марјан Гоцевски ќе биде задолжен за натпреварот меѓу Ренова и Струга Трим Љум, и Јосип Бартон ќе биде дел од дуелот Македонија Ѓорче Петров и Работнички.
Можеби ќе ве интересира: