12 велешани се позитивни на тестот за коронавирус во последните 24 часа. Тие се дел од вкупно 200 новозаразени во целата земја. Овој број на заразени е еден од највисоките за еден ден од почетокот на епидемијата. Во истиот период регистрирани се и четворица починати, а само 15 оздравени, од кои двајца се велешани.
Најголем број од новозаразените доаѓаат од Скопје – 65, а освен Велес, двоцифрени се и Штип со 21, Куманово и Гостивар со по 14 и Тетово со 12. Во последните 24 часа се направени 1828 тестирања, а позитивните случаи се распоредени во следните градови:
- Скопје 65
- Куманово 14
- Дебар 6
- Штип 21
- Прилеп 3
- Тетово 12
- Струга 5
- Велес 12
- Битола 7
- Охрид 4
- Кавадарци 7
- Гостивар 14
- Струмица 1
- Крива Паланка 1
- Радовиш 4
- Кочани 5
- Пробиштип 3
- Демир Хисар 2
- Македонски Брод 4
- Свети Николе 3
- Кичево 6
- Неготино 1
Почина пациент од Скопје на 70 годишна возраст, пациент од Гостивар на 58 годишна возраст, пациент од Куманово на 51 годишна возраст и пациент од Македонски Брод на 66 годишна возраст. Два пациенти се починати во болнички услови, два се починати вонболнички.
Досега во земјата се направени вкупно 113619 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11754, бројката на оздравени пациенти е 7622, на починати е 523, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3609.
Можеби ќе ве интересира: