Две велешанки се степале викендов во Велес. Тепачката се случила на улица „Маца Овчарова“ во близина на месноста „Поток“, кога 48-годишна жена пријавила дека била нападната од 15 години помлада жена.
„На 08.08.2020 год. во СВР Велес било пријавено дека во 23.20 часот В.Н.(48) од Велес на ул.„Маца Овчарова“ во Велес била физички нападната од Е.А.(33)“, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Истиот ден групна тепачка во која учествувале шестмина се случила во велешкото село Бузалково. Во инцидентот најмладиот учесник имал 20, а најстариот 67 години, соопшти полицијата.
„На 08.08.2020 во СВР Велес било пријавено дека околу 20.30 часот во с.Бузалково, велешко, настанала физичка пресметка помеѓу А.А.(33) и С.А.(20), од една страна, и Н.И.(50), Ф.И.(67), Н.И.(40) и Р.И.(30), од друга страна“,
По целосно документирање на случаите, полицијата ќе поднесе соодветни пријави.
Можеби ќе ве интересира: