Аки Рахимовски, долгогодишниот пејач на „Парни ваљак“, почина денеска на 66 години, објави групата на својата страница на Фејсбук.
„Драги пријатели, со неописива тага во срцето ви јавуваме дека денеска, 22.01.2022 засекогаш заспа Аки Рахимовски“, стои во објавата.
Содржината продолжува под рекламата
Смртта на Рахимовски ја потврди и неговиот менаџер Дамир Осредечки.
„На Рахимовски утрово му се слоши, по што почина во болницата во Ново Место“, изјави Осредечки.
Содржината продолжува под рекламата
Рахимовски е роден во Ниш во 1955 година, но пораснал во Скопје, каде што неговото семејство се преселило кога бил мал. Тука почнал да го стекнува своето музичко образование, учејќи клавир и пеење.
По доаѓањето во Загреб бил член на неколку групи, пред да го запознае гитаристот и композитор Хусеин Хасанефендиќ, со кого во 1975 година ја основал групата „Парни ваљак“, која низ годините ќе стане една од најпопуларните во поранешна Југославија, а Рахимовски еден од најдобрите фронтмени.
Рахимовски сними 17 студиски албуми со „Парни ваљак“.
Можеби ќе ве интересира: