Една од најголемите технолошки компании во светот Мајкрософт одлучи да ги замрзне платите на сите вработени со полно работно време како дел од мерките за штедење.
Како што пренесува Блумберг, извршниот директор Сатја Надела во писмо до вработените изјавил дека овој потег е неопходен за да се генерираат доволно пари за инвестирање во развојот на вештачката интелигенција.
Мајкрософт веќе ги зголеми платите во 2022 година.
Сепак, компанијата ќе ги разгледа покачувањата за вработените по час.
Технолошките компании во минатото спроведуваа или најавуваа масовни отпуштања поради благо зголемување на побарувачката и зголемени трошоци за финансирање, подготвувајќи се за потенцијална рецесија.
Минатиот месец Мајкрософт објави квартален профит поголем од очекуваниот, а најавија и големи инвестиции во вештачката интелигенција. Ова вклучува нова инвестиција од 10 милијарди долари во Open AI, компанија која го разви ChatGPT, како и во четботот на интернет пребарувачот Bing.
Microsoft will freeze pay for all full-time workers this year, becoming the latest US tech leader to tighten its belt https://t.co/JEnD8h01G2
— Bloomberg (@business) May 11, 2023
Можеби ќе ве интересира: