Нашиот интернационален модел велешнаката Татјана Јанушева блесна во најновата кампања за брендот Страдивариус, пренесува emagazin.mk
Иако кампањата беше изработена пред само една недела во Барселона кративниот тим на брендот го објави материјалот пред два дена на нивниот сајт.
Татјана после успесите и ангажманите од минатата година каде работеше на одлични проекти во Париз и Милано, сега продолжува да ја освојува и Шпанија.
Таа веќе е агажирана и за други модни кампањи кои допрва треба да ги изработи. Како дел од најдобрата светска модна агенција Next Model Management, таа ја има привелегијата да биде во самиот центар на модните случувања.
„Уште еднаш се покажа дека Јелена Ивановиќ, никогаш не греши во проценката да избере супер модел од овие наши простори. Велешанката Татјана сосема заслужено се вивна во самиот врв на модните случувања бидејки ние како нејзина матична агенција одамна ги препознавме сите нејзини неверојатни квалитети“, велат од МОДЕЛС ИН.
Повеќе фотографии можете да погледнете ТУКА.
Можеби ќе ве интересира: