Борец на тешко гостување кај Ренова во обид да се рехабилитира по домашниот пораз од Вардар

Borec - Renova naslovna
Borec - Renova naslovna

Фудбалерите на Борец во недела, во рамките на 13. коло од ПМФЛ, ги очекува тешко гостување кај екипата на Ренова. Тимот од Џепчиште е стар должник на велешани, откако во второто коло, на дуелот во Велес, со гол во последната минута му ја украдоа победата на Борец.

Zito akcija 640x289px

Овој дуел доаѓа откако минатата недела велешкиот прволигаш неочекувано загуби дома од Вардар со 0:2, иако беше подобар противник. Но, реализацијата станува „болка“ кај велешани, кои на неколку натпревари досега, иако создаваат шанси, тешко постигнуваат голови. За тоа е свесен и тренерот на Борец Горазд Михаилов, кој е вели дека натпреварот против Ренова ќе биде тежок за играње.

Agria
Gorazd Mihajlov 15.08.
Горазд Михаилов – тренер на Борец

„Не очекува тежок дуел. Ренова има и старо – нов тренер, но ние одиме да се надигруваме и секако, како и секој дуел, ќе атакуваме на победа. Нема да биде лесно, Ренова е искусна екипа, но и покрај се, ние играме добар фудбал оваа есен. Реализацијата ни е мал проблем, но верувам дека имаме капацитет“, смета Михаилов.

Ренова е во голема криза, откако нема победа на девет натпревари по ред, во кои запиша само три нерешени средби и претрпе дури шест порази, па е на претпоследното место на табелата. Поради тоа, пред дуелот со Борец, „гипсарите“ имаат нов шеф на стручниот штаб, откако беше промовиран поранешниот тренер на оваа екипа Ќатип Османи, кој до 2017 година, пет години ја водеше екипата од Џепчиште.

Филип Ристовски – ФК Борец

Бекот на Борец Филип Ристовски смета дека промената на тренерската клупа може да донесе квалитет плус за Ренова, па затоа вели дека натпреварот ќе биде вистински предизвик како за домашните, така и за неговата екипа, која со евентуална победа ќе се врати на победничката патека и ќе остане во горниот дел на табелата.

„Не очекува тешко гостување. Според мене, по квалитетот кој го поседува, екипата на Ренова не е за долниот дел на табелата. Имаат и промена на тренерската позиција, што е мотив плус за играчите и ново докажување. Ние одиме максимално, како и на секој натпревар, да извлечеме поука од последниот напревар со Вардар и да се вратиме на победите“, рече Ристовски.

За натпреварот против Ренова, тренерот на велешани Горазд Михаилов нема да може да смета на повредениот Ѓорѓи Ѓоргиев. Натпреварот почнува во недела на 29 ноември, во 13 часот, а ќе го суди најдобриот македонски судија, интернационалецот Александар Ставров.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: