Инцидентот кој се случи на натпреварот во кадетска конкуренција меѓу ГРК Борец и МРК КЛ 7 Свети Николе финишираше на зелената маса каде што покрај службен резултат следуваше и казна за еден од учесниците во инцидентот.
Имено, при резултат 16:14 за Борец, судијата му покажа црвен картон на тренерот на КЛ7 Свети Николе, по што следуваше уште понеспортска реакција и бркотница по теренот. Тренерот на тимот од Свети Николе, Мики Панев доби казна од една година надвор од ракометот.
Содржината продолжува под рекламата
Овој дуел е регистриран со службен резултаат од 10:0 за тимот на Борец, а составот од Свети Николе остана покус за еден поен.
Можеби ќе ве интересира: