Натпреварувачката комисија во Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за откажување на бараж натпреварите за пополнување на втора Македонска фудбалска лига – Запад.
Одлуката е донесена откако резултатите од тестирањето за коронавирус потврдија дека вкупно 13 фудбалери од екипите на ФК Чаклани и ФК Фортуна се позитивни на Ковид 19.
Според пропозициите за натпреварување, ждреб ќе одлучи која од трите екипи, ФК Чаклани, ФК Фортуна и ФК Велешта ќе обезбеди место во Втора МФЛ – Запад за натпреварувачката сезона 2020/21.
Откако ќе бидат добиени резултатите од тестирањето за коронавирус на екипите на ФК Росоман и ФК Слога Виница, натпреварувачката комисија ќе одлучува во однос на одигрувањето на натпреварот за пополнување на Втора МФЛ – Исток.
Можеби ќе ве интересира: