
Велешкиот фудбалски второлигаш, Борец 1919 АД доведе уште едно квалитетно засилување за новата сезона. Нападот е засилен со Флорент Османи, досегашниот напаѓач на Вардар од Неготино.
Содржината продолжува под рекламата
Флорент Османи во кариерата настапуваше и за Гостивар, Струга Трим Љум, Велазерими, Скопје, Шкупи, Корзо, Вардар Неготино а има интернационално искуство со играње во Косово во екипата на Дрита.
Содржината продолжува под рекламата
За велешани ова е четврто официјално засилување за претстојната сезона. Претходно ги промовираше младиот голман Јакимовски, играчот од средниот ред, Цветановски а пред два дена го официјализираше и трансферот на Берат Исмаил.
Можеби ќе ве интересира:
- (ВИДЕО) Зелени политики, чист воздух и решенија за сообраќајниот метеж, ветувањата на Маја Хеско за Велес
- Мицкоски: Опозицијата се занимава со лаги за пожарите, мислејќи дека ќе добие политички поени
- СДСМ бара оставка од министерот Панче Тошковски по трагедијата во Велес
- ОБНОВЕНО: Пет дена пред убиството, по барање на обвинителството, судот на убиецот му ја укинал забраната да го напушти местото на живеење
- Денеска ќе биде објавен телефонскиот број на кој ќе се пријавуваат злоупотреби на службените возила