
Велешкиот фудбалски второлигаш, Борец 1919 АД доведе уште едно квалитетно засилување за новата сезона. Нападот е засилен со Флорент Османи, досегашниот напаѓач на Вардар од Неготино.
Содржината продолжува под рекламата
Флорент Османи во кариерата настапуваше и за Гостивар, Струга Трим Љум, Велазерими, Скопје, Шкупи, Корзо, Вардар Неготино а има интернационално искуство со играње во Косово во екипата на Дрита.
Содржината продолжува под рекламата
За велешани ова е четврто официјално засилување за претстојната сезона. Претходно ги промовираше младиот голман Јакимовски, играчот од средниот ред, Цветановски а пред два дена го официјализираше и трансферот на Берат Исмаил.
Можеби ќе ве интересира:
- Осум пожари на отворено, четири сè уште активни, два во велешкиот регион
- Македонската Green Machines ја зацврстува дистрибутивната мрежа во САД
- Пеколни горештини во Македонија, температурата денес ќе достигне до 41 степен
- Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
- Започна со работа системот „One stop shop“ на граничниот премин „Табановце“