Качевски од Струга, главен судија на натпреварот Академија Пандев – Борец

Jovan Kacevski Struga Sudija

Joван Качевски од Струга ќе биде главен делител на правдата на натпреварот од 16 коло во Првата лига меѓу Академија Пандев и Борец кој во среда (9 декември) со почеток од 13 часот се игра на Спортскиот центар „Пандев“ во Струмица.

Zito akcija 640x289px

На Качевски ќе му помагаат Лозаноски Злате од Битола и Разме Бакрачески од Струга, а четврти судија ќе биде Благојче Ралевски од Битола.

Agria

Шкупи и Вардар ќе се судрат во дербито на колото на Чаир, а на центарот ќе стои Димитар Мечкаровски. Шкендија ќе ја пречека Беласица во Тетово, а судија ќе биде Константин Влахо.

Во Кратово, Струга Трим Љум му гостува на Силекс , правдата ќе ја дели  Крумислав Ѓоргиев.

Работнички и Ренова ќе се соочат на Арената „Тодор Проески“ во  каде главен судија ќе биде Александар Грујоски, додека во Ѓорче Петров Македонија ЃП ќе биде домаќин на Пелистер и главен арбитар е Маријан Гоцевски од Струмица.

Можеби ќе ве интересира:

.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: