Мајк Фелан десната рака во ерата на Сер Алекс Фергусон, откри какви задачи му давале на Кристијано Роналдо додека играше во дресот на црвените ѓаволи.
Сер Алекс Фергусон имал строг метод на работа, па Роналдо често пати бил приморан да го работи и она што не сакал.
“Сакавме да го направиме Кристијано тимски играч и тоа го напрвивме. Имаше работи кои не сакаше да ги работи на тренинзите, но наредбите на Фергусон беа такви и тој мораше да го слуша својот шеф. Го направивме најдобар играч во светот, тоа е успех за нас”, изјави Мајк Фелан за медиумите во Англија.
Роналдо во дресот на Манчестер Јунајтед одигра 292 натпревари, на кој постигна 118 гола. Освои три титули во премиер лигата, една титула во лигата на шапионите, а ја освои и “Златната топка”.