Овој викенд продолжуваат натпреварите од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. ФФМ ги делегираше судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите.
Димитар Мечкаровски ќе ја дели правдата на на дуелот помеѓу Борец и Академија Пандев, а ќе му помагаат Гоце Петрески и Слаѓан Марковски.
На останатите натпревари кои се играат во недела, Ѓоргиев Крумислав ќе биде главен судија на натпреварот Беласица– Шкендија. Во Струга Стојановски Марјан ќе биде главен судија на натпреварот помеѓу повратникот Струга Трим Лум и Силекс.
Гоцевски Марјан ќе застане на центарот во Битола каде Пелистер ќе ја пречека Македонија Ѓорче Петров, на Националната арена „Тодор Проески“, Влахо Константин ќе биде задолжен за натпреварот меѓу Вардар и Шкупи, и Трпчевски Стојанче ќе биде дел од дуелот Ренова и Работнички.
Можеби ќе ве интересира: