Младите ракометари на Борец со победа од 40:34 против екипата на Металург РА ги завршија домашните натпревари од Младинската ракометна лига. За нив останува уште одложениот натпревар против лидерот на групата Б екипата на Бутел.
Велешани дојдоа до триумф на овој дуел на натпреварот во кој буквално повеќе се мислеше на противничкиот гол отколку што се играше во одбраната. Првото полувреме беше многу израмнето, екипите постојано го менува водството, а на одмор се отиде со предност од три гола за Борец, 21:18. Во продолжението велешани беа поумешни и успеаја да го сочуваа водството за победа од 40:34.
Содржината продолжува под рекламата
Најефикасни во тимот на Борец беа Лазар Стојанов со девет и Кирил Миленков со осум постигнати гола. Во тимот на Металург РА најефикасен беше Фидановски кој постигна седум погодоци.
Содржината продолжува под рекламата
Натпреварот од деветото коло од Младинската ракометна лига помеѓу Борец и Металург РА може да го погледнете тука.
Можеби ќе ве интересира: