Младите фудбалски надежи со полн плен од Фарски Острови

Makedonija U 21

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година забележа тешка, но значајна победа кај Фарските Острови (1-2) во рамки на квалификациите за Евроспкото првенство (ЕП) и борбата за втората позиција.

Zito akcija 640x289px

Македонија стигна до 10 бода во овој циклус на четири кола до крајот на квалификациите.Милан Ристовски во 16-та минута и Кристијан Ацковски во 80-та беа стрелци на головите за победа на надежната селекција, иако уште дузина шанси промашија избраниците на Благоја Милевски, посебно во првиот дел кога добри шанси имаа Тодор Тодоровски, Енис Фазлагиќ и Ристовски, а младинскиот центарфор имаше утре три одлични во вториот дел кои не ги искористи.

Agria

Македонија У21 во следната квалификациска рунда ќе игра против Казахстан на гостински терен, а дуелот е закажан во октомври. Нашиот национален тим моментално е на второто место со десет бода, а зад нас е Израел со осум, но и со меч помалку, па следат Црна Гора и Казахстан со по седум бода и Фарските Острови со три.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/11917/vo-vozilo-pronajdeni-63-migranti/