Дури 107 велешани се казнети од полицијата во изминатиот викенд, бидејќи не носеле маски, соопшти СВР Велес. Од трите најголеми градови кои се под надлежност на велешката полиција, најдисциплинирани биле кавадарчани.
Таму казна за непочитување на мерките за заштита од коронавирусот добиле 20 граѓани за еден викенд. Во Неготино полицијата напишала 32 пријави за изрекување глоба, поради неносење заштитна маска.
Казната е во висина од 20 евра, но доколку се плати во рок од исум дена, износот се преполовува.
Од почетокот на епидемијата со коронавирус до денес, во Велес се регистрирани 196 заразени граѓани, од кои 140 се излекувани, починаа 13, а активни се 43 случаи. Во Кавадарци досега се инфицирале 21 жител, од кои пет оздравеле, еден почина, а во моментов се лечат 15 граѓани. Во Неготино има регистрирано вкупно 11 заразени, од кои седум се излекувани, еден почина, а три случаи сеуште се водат како активни.
Можеби ќе ве интересира: