18 години затвор за Ангелче Николов кој ја усмрти малата Магдалена на пешачки во Велес

Ангелче Николов кој возејќи пијан, ја прегази 11-годишната Магдалена и ја усмрти, а тешко ја повреди и нејзината мајка, доби 18 години затвор за двете дела за кои се гонеше од Обвинителството.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

За судот, немаше олеснителна околност во тоа што по 30 часа, возачот сам се јавил во полиција, а откога претходно беше во бегство. Тој бил и претходно казнуван за сообраќајни прекршоци и му била одземана возачката.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Обвинетиот безобзирно го напуштил местото на несреќата, се криел повеќе од 30 часа, не се интересирал што се случило со оштетените. Самото пријавување судот не го зема како олеснителна околност. Двапати е казнуван за возење во алкохолизирана состојба. Признавањето на вината не се зема како олеснителна околност, затоа што судот не стекна предвид дека има кај него жалење и каење. Судот донесе пресуда – Ангелче Николов на 17.12.2022 управувајќи автомобил „мерцедес“ стори тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и неукажување помош на повредени лице во сообраќајна незгода, па за двете дела се осудува на единствена казна затвор 18 години“ соопшти Судскиот совет денска на судењето во Велес.

Несреќата се случи на 17 декември, кога Николов, возејќи со голема брзина и пијан, на улицата „Борис Трајковски“ во близина на велешкото училиште „Васил Главинов“, на која е ограничено движењето на 30 километри на час, на пешачки премин удри во мајката и ќерката, а нивниот татко и сопруг за влакно го избегнал ударот. Малата Магдалена од местото на ударот била отфрлена дваесеттина метри и веднаш починала. Нејзината мајка, која на пешачкиот премин била еден чекор понапред, тешко беше повредена.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/36981/pretres-vo-veles-pronajdena-droga-privedeni-dve-licza/