
Епидемиолошката состојбата со ковид-19 е ставена под контрола, а дури во 18 градови низ Македонија нема ниту еден активен случај.
Струга, Кочани, Гевгелија, Неготино, Свети Николе, Ресен, Радовиш, Делчево, Виница, Пробиштип, Валандово, Богданци, Крушево, Демир Хисар, Демир Капија, Македонски Брод, Македонска Каменица и Дојран се градовите кои немаат ниту еден активен случај на ковид-19.
Во пет градови пак има само по еден активен случај, додека во Велес, Кавадарци и Крива Паланка има само по два активни случаи.
Во Скопје во моментов има најмногу активни случаи – 67, додека пак на целата територија на Македонија активни се 151 случаи.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на пандемијата изнесува 155.710, бројката на оздравени пациенти е 150.073, а на починати е 5.486.
