24. април и 8. мај ќе бидат неработни за сите граѓани

izbori glasanje

Вчера Владата одлучи 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) да бидат неработни денови за сите граѓани на Република Северна Македонија. Ваквата одлука е донесена заради непречено спроведување на изборите за претседател и изборите за пратеници во Собранието. Двата неработни дена нема да се одработуваат.

Zito akcija 640x289px

Денешната владина одлука се однесува на сите граѓани на територијата на Република Северна Македонија.

Agria

Претходно Владата имаше одлучено адмнистрацијата да не работи, додека за приватниот сектор беше донесена само препорака. Сепак вчера на седница ја преиначи одлуката.

На 24 април се одржува првиот круг од претседателските избори, додека на 8 мај се одржуваат парламентарните избори и вториот круг од претседателските избори.

Прв пат оваа година учениците ќе имаат пролетен распуст, од 29 април до 6 мај. Поради велигденските празници нема да се работи ни на 5 и 6 мај.

Moжеби ќе ве интересира: