Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
“Вчера (11.09) во периодот од 08.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Велес спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 34 возачи. Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци,” соопштија од МВР.
Содржината продолжува под рекламата
Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесеза посигурни патишта.
Mожеби ќе ве интересира: