Фудбалската репрезентација на Македонија има нови дресови, за прв пат ќе игра и со црн дрес

Фудбалската федерација на Македонија и техничкиот партнер ЈАКО го претставија новиот дрес на македонската фудбалска репрезентација, со кои нашиот национален тим ќе го почне новиот квалификациски циклус, за Европското првенство во 2024 година.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Препознатливото сонце истакнато на градите на фудбалерите на модерен начин ја отсликува енергијата и гордоста на Македонија. Дизајнот на новиот дрес останува верен на македонското фудбалско наследство, додека резервниот дрес во бело-жолта боја е уште една интерпретација на македонскиот дизајн за фудбалерите и навивачите, велат од ФФМ.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Нашата репрезентација добива уште една, трета варијанта на дресови и шорцеви во темна боја која дополнително го нагласува сонцето и националната гордост.

Стилските букви на презимињата и броевите на дресовите се во духот на нашата историја и традиција, со оглед на тоа што се инспирирани од кирилицата.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/37098/zdravstven-dom-veles-ima-nov-direktor/