Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
„На 01.09.2021 во периодот од 08.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Велес била спроведена засилена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, било констатирано дека 38 возачи ја пречекориле дозволената брзина, од кои 27 надвор од населено место и 11 во населено место. При контролите било утврдено дека еден возач ја пречекорил брзината за над 70 километри на час повеќе од пропишаната“ соопштија од СВР Велес.
Содржината продолжува под рекламата
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесеза посигурни патишта.
Можеби ќе ве интересира: