Сообраќајната полиција на територијата на СВР Велес вчера изрече вкупно 40 мерки на возачи кои возеле со брзина поголема од пропишаната.
„Вчера на територијата на СВР Велес спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 40 возачи, од кои 18 во Велес, 13 во Неготино и девет во Кавадарци.“, соопштија од МВР.
Содржината продолжува под рекламата
СВР Велес најавува дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Можеби ќе ве интересаира: