Општинската организација на Црвен крст Велес организираше Вонредната крводарителска акцијa која денеска се реализираше во простoриите на Ликовниот салон во Велес.
На крводарителската акција беа собрани 45 крвни единици. Течноста што живот значи ја дарувале 38 мажи и седум жени, редовни крводарители од градот. Меѓу нив имало и двајца граѓани кои за прв пат дарувале крв.
Содржината продолжува под рекламата
Од Општинската организација на Црвен крст се презадоволни од собраните крвни единици бидејќи официјално е надминат Годишниот план за крводарување во Велес, Градско и Чашка кој предвидува 1861 крвна единица.
Можеби ќе ве интересира: