459 новозаразени и 21 починато лице од Ковид-19 во последното деноноќие, во Велес 10 нови случаи

И денес во ковид статистиката на Министерството за здравство во Велес е регистрирана двоцифрена бројка на заразени од ковид-19. Вкупни 10 велешани се најдоа меѓу новозаразените од вкупно 459 во цела држава. Регистрирани се и осум оздравени пациенти. Бројот на активни случаи во Велес се искачи на 255. Велешанецот кој почина на инфективното одделение не е во денешната ковид статистика.

Zito akcija 640x289px

Во последните 24 часа се направени 5.416 тестирањe, а регистрирани се 459 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 235, Штип – 30, Тетово -26, Куманово и Струмица – по 19, Дебар – 13, Гостивар, Охрид и Кичево – по 12, Велес и Свети Николе – по 10, Битола и Прилеп – по 9, Крива Паланка и Струга – по 7, Радовиш – 5, Кавадарци и Кочани – по 4, Богданци – 3, Виница, Гевгелија, Кратово и Ресен – по 2, Берово, Делчево, Македонски Брод, Неготино и Пехчево – по 1.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Регистрирани сe 368 оздравени пациенти, пријавени се 21 починато лице: 6 починати лица од Скопје (94г, 77г, 75г, 75г, 73г, 65г,), по 3 починати лица од Тетово (81г, 66г, 64г), Гостивар (84г, 67г,  59г)  и Струмица (67г, 58г, 49г) , 2 починати лица од Кичево (67г, 67г) и по едно починато лице од Куманово (63г), Прилеп (69г), Битола (81г) и Неготино (69г). Пријавените починати лица се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 180.045, бројката на оздравени пациенти е 158.809, на починати е 6.065, а бројот на активни случаи изнесува 15.171.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/23480/remi-vo-tretiot-test-za-rakometarite-na-borecz/