500 евра минималец во соседна Србија, од јануари ново покачување

pari evra

Владата на Србија донесе одлука за значително зголемување на минималната плата. Според најавите, од 1 октомври 2025 година минималната плата ќе изнесува 500 евра, додека од 1 јануари 2026 година ќе се зголеми на 550 евра.

Министерот за финансии Синиша Мали и претседателот Александар Вучиќ истакнаа дека ова зголемување е дел од стратегијата за подобрување на животниот стандард и зголемување на куповната моќ на работниците.

Сегашната минимална плата изнесува околу 457 евра, што значи дека од октомври следува покачување од околу 9,4%, а од јануари дополнително зголемување.

Agria

Оваа мерка ќе влијае на речиси 95.000 работници кои моментално примаат минимална плата, со цел да се подобрат нивните услови за работа и живот.

Вучиќ истакна дека преку оваа политика се очекува и раст на пензиите, како и зголемување на просечната плата во земјата.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: