До 15 часот од вкупно 711 пријавени кои се заразени од коронавирусот или се во самоизолација гласале 340 лица.
Најмногу пријавени кои се во самоизолација и кои се заразени од коронавирусот има во Ресен-60, Струга и во Тетово по 55, во Кичево и во Охрид по 34, во Сарај -32, во Куманово 31 и во Штип – 30.
Денешното гласање на овие лица го спроведуваат посебни избирачки тимови од здравствени работници и претставници на политички партии и се спроведува според соодветни здравствени протоколи.
Утре гласаат затворениците и изнемоштените.
Можеби ќе ве интересира: