90 годишен пациент од Велес е починат од последиците на коронавирусот во велешката болница. Тој имал срцева слабост и хронична белодробна болест. Тој е 285 жртва на ковид-19 од почетокот на пандемијата во Велес.
Содржината продолжува под рекламите
Бројот на хоспитализирани пациенти од ковид-19 во велешката болница се зголемува и во моментов изнесува 45 пациенти што е за девет пациент повеќе од вчерашниот ден. На кислородна поддршка се 20 пациенти.
Содржината продолжува под рекламите
Од нив, 37 имаат позитивни тестови, четири пациенти се сомнителни на вирусот, а четири пациенти се негативни на ПЦР тестовите, но се уште имаат потреба од болничка нега.
Содржината продолжува под рекламите
На инфективното одделение се сместени 40 пациенти, а на интерното одделение од ковид-19 се лекуваат пет пациенти. Во последните 24 часа испишан е еден пациент, а хоспитализирани се 11пациенти.
Можеби ќе ве интересира: