Денеска нема да има полициски час поради верскиот празник Рамазам Бајрам, а од утре стапува на сила ограничувањето во движењето од полноќ и ќе трае до 4 часот изутрина.
Од денеска па до 18 мај 2021 година на сила ќе бидат новите мерки кои ги усвои Владата на вчерашната редовна седница.
Дозволеното време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) е до 23:30 часот.
Сите настани може да се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30% од капацитетот на затворениот простор.Вежбалните, фитнес центрите и теретаните може да отпочнат со вршење на својата дејност во објектите.
Властите велат дека новите мерки предложени од Комисијата за заразни болести се врз основа на стабилизацијата на епидемиолошката состојба во земјата.
Можеби ќе ве интересира: