Младиот борач на БК Борец од Велес, Аце Јовановски ќе ја претставува Македонија на Балканското првенство во У-15, У-17 и У-21, во категорија до 55 килограми, кое ќе се одржи во Скопје од 3 до 6 октомври.
Содржината продолжува под рекламата
Тој беше на подготовките на репрезентација во Штип, по што обезбеди место во неа. Останатите борачи Никола Петрушевски во категорија до 75 килограми и Левче Картинов во категорија до 62 килограми, сепак не успеаја да се најдат на списокот на селекторот.
Содржината продолжува под рекламата
Првите борби на Јовановски се на 3 октомври, а стручниот штаб на Борец и репрезентацијата очекува добар настап и освојување на медали.
Можеби ќе ве интересира: