Адиловиќ: Кеги Моби оди на победа на секој натпревар, така ќе биде и во Скопје

Adil Adilovik Kegi Mobi

Фудбалерите на Кеги Моби ќе гостуваат во Чаир каде силите ќе ги одмери со актуелниот освојувач на Купот Арбен Бајрами во рамките од третото коло од Првата футсал лига. Велешани забележаа пораз и победа во првите две кола, но патуваат во Скопје со надеж дека ќе го изненадат противникот кој е еден од аспирантите за шампионска титула.

Zito akcija 640x289px

Капитенот на Кеги Моби, Адем Адиловиќ вели дека неговиот тим нема да оди на жешкиот терен во Чаир со кренато бело знаменце, напротив очекува половен резултат кој ќе биде од голема корист за понатамошниот дел од првенството.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Сите имаме свои пресметки за сезоната, нас ова ни е прво гостување каде можевме да одиме непоразени но несреќниот пораз од првото коло направи да противниците мислат дека не сме екипа од калибар за горниот дел од табелата. Одиме овој викенд во Чаир да ги оправдаме нашите очекувања и како прво гостување да се вратиме дома со половен резултат за нас кој ќе ни биде од голема корист за понатамошниот дел од првенството. Во сабота ќе се обидеме да се вратиме со полн плен од гостувањето кај противникот. Имаат неколку играчи кои настапуваат за репрезентација и се малку исцрпени после натпреварите против Шведска и Италија каде вториот натпревар извадија нерешен резултат против незапирливата Италија кај што мислиме дека и тоа ќе ни биде мала предност за да покажеме дека сме екипа која може да се натпреварува годинава против секоја екипа. Кај нас атмосферата после второто коло е на малку повисоко ниво, изработивме некој тренинг и еден пријателски натпревар додека беше репрезентативната пауза и сите работи се во најдобар ред со составот каде и здравствениот билтен е на супер ниво. Можете нашиот натпревар да го следите на страната на противникот ќе има Live пренос како и ние кога играме на домашен терен што може да се каже дека е мал новитет во нашата држава скоро секој натпревар да се пренесува во живо. Се надеваме на фер коректна игра, респект до противникот и репрезентативните играчи кои ја претставуваат нашата држава и репрезентација надвор од границите, очекуваме добар футсал од двете екипи и на крај се знае како што рекле старите подобриот нека победи. Следете не, на секој натпревар приредуваме интересен футсал за очи и публика,“ изјави Адел Адиловиќ, капитен на КМФ Кеги Моби.

Скопјани се фаворити, со оглед на тоа што победија во воведните две кола во Првата футсал лига. Натпреварот се игра утре 15 октомври во терминот од 19:00 часот. Натпреварот може да го следите на следниот линк.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: