Администрација со ковид сертификати да оди на работа, предлага Комисијата за заразни болести

venko filipce
venko filipce

На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести беше донесена одлука за нови мерки, која според Министерот за здравство д-р Венко Филипче оваа одлука е донесена со консензус, од страна на сите членови на Комисијата, а врз основа на епидемиолошката состојба и со цел да се намали евентуалниот притисок врз болниците, како што кажа тој, потребно е болниците да работат за сите граѓани, не само за Ковид позитивните пациенти.

Zito akcija 640x289px

Сите вработени во јавниот сектор, локалната самоуправа, сите институции за одење на работно место да прикажат потврда за најмалку една примена вакцина или да имаат ПЦР негативен тест кој ќе важи најмалку 72 часа, а ќе биде направен на сопствен трошок или ќе приложат потврда за прележан Ковид 19, не постар од 45 дена или ќе имаат потврда од лекар специјалист дека вакцината не може да ја примат, а тоа се една од оние ретки имунолошки состојби за кои ние ќе излеземе со соодветна листа на болести и специјалисти кои тие потврди ќе може да ги издаваат.  – соопшти министерот Филипче.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Комисијата за заразни болести препорача и вакцинацијата да биде задолжителна за сите здравствени работници, а мерките денес предложени да стапат на сила 10 дена откако ќе ги усвои Владата за да граѓаните имаат време да се вакцинираат и 30 дена за оние здравствени работници коишто во овој момент се сеуште невакцинирани. Министерот Филипче изјави дека препораките се до овие мерки да се приклучат и приватните компании, со цел да се заштитат производствените капацитети и целокупниот економски процес во земјата.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: