Вкупниот број на потврдени позитивни случаи на коронавирус во Африка надмина 800 000, објави Африканскиот центар за контрола и превенција на болести. Повеќе од половина од вкупниот број пријавени случаи на тој континент е во само една држава, Јужна Африка.
Вирусот се шири во други земји, вклучително и Кенија, економски центар на Источна Африка, каде до сега има регистрирано повеќе од 16 000 случаи.
Здравството на континентот е на многу ниски гранки, а здравствените експерти предупредуваат дека вирусот би можел да се задржи во делови од тој континент многу долго време.
Можеби ќе ве интересира: