Уште еден тежок испит за ракометарите на Фруитленд Борец, ги очекува овоја викенд. Во рамки на седмото коло од ракометната Супер лига на Македонија во Велес гостува актуелниот победник на Купот, екипата на Алкалоид.
Содржината продолжува под рекламата
Изабраниците на селекторот Кирил Лазаров, заедно со екипата на Охрид се досега единствените екипи кои не ја почуствувале горчината на поразот. Велешани пак ќе се обидат да го изненадат фаворитот и да дојдат до вториот триумф во сезоната.
Содржината продолжува под рекламата
Натпреварот ќе се одигра утре 11.10. во спортската сала „Гемиџии“ во Велес, со почеток од 19 часот. Судии на натпреварот ќе бидат Јанкуловски Сашо и Јовановски Мартин од Прилеп.
Можеби ќе ве интересира: