Александар Мишов е нов напаѓач на Борец

aleksandar misov

Кавадарчанецот Александар Мишов е нов играч на велешки Борец. 22-годишниот напаѓач е поранешен младински репрезентативец на Македонија, а во тимот од Велес доаѓа од редовите на Академија Пандев.

Zito akcija 640x289px

Мишов кариерата ја почнал во Тиквеш, а две сезони играше во струмичкиот прволигаш, за кој на 38 натпревари, постигна четири гола. Мишов има запишано и три одиграни натпревари на познатиот италијански турнир за млади таленти Вијареџо куп, од кои на еден бил и стрелец. Според веб страницата transfermarket.com, цената на фудбалскиот пазар на овој млад фудбалер во моментов изнесува 150.000 евра, а во Борец доаѓа како слободен играч.

Agria

Мишов е петтото зимско засилување за Борец, откако претходно велешани го донесоа хрватскиот напаѓач Еди Баша, одбранбените играчи Лука Трајковски и Колумбиецот Борха Александер и голманот Дејан Силјановски.

Image may contain: 1 person, standing
Хрватот Еди Баша со дресот на Борец

Во истиот период Борец го напуштија Марјан Ристовски, Оливер Пеев, Марио Станковски, Филип Трајановски и голманот Бурхан Мустафа. За пролетниот дел од сезоната тренерот на Борец Горазд Михаилов ќе може да смета и на хрватскиот стопер Никола Гавриќ, кој пред стартот на првенството, во август лани, се здоби со тешка повреда, по која мораше да му се изврши хирушка интервенција.

Борец подготовките за пролетниот дел ги почна минатата недела, а велешани имаат закажано неколку контролни натпревари. Утре (16 јануари) ќе се среднат со Академија Пандев во Струмица, на 21 јануари во Велес со Работнички, на 27 јануари против Тетекс на домашен терен, на 3 февруари ќе гостува во Штип кај Брегалница и на 7 февруари ќе ја пречека екипата на Каменица Саса. Пролетниот дел на Првата македонска фудбалска лига продолжува на 14 февруари, кога Борец во Велес го пречекува есенскиот вице-првак Шкупи.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: