Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги одреди судиите кои ќе ја делат правдата во 13. коло од Првата македонска фудбалска лига овој викенд.
Натпреварот во Тетово помеѓу Ренова и Борец ќе го суди нашиот интернационален судија Александар Ставрев, а помошници ќе му бидат Костадинов Дејан и Петрески Гоце, двајцата од Скопје.
Нтпреварот во Тетово ќе се одигра во недела 29.11.2020 година, со почеток од 13 часот.
Во сабота на натпреварот помеѓу Вардар и Академија Пандев, главен судија ќе биде Крумислав Ѓорѓиев. Останатите натпревари се играат во недела од 13 часот и се среќаваат Македонија Ѓорче Петров – Шкупи, а главен судија ќе биде Маријан Марковски.
Пелистер и Силекс ќе играат во Битола, на центарот ќе стои Марјан Гоцевски, додека во Струмица, на мечот Беласица – Работнички ќе суди Јосип Бартон, а на мечот Струга Трим Љум – Шкендија главен арбитар ќе биде Игор Стојчевски.
Можеби ќе ве интересира: