Алкалоид рутински го совлада Фруитленд Борец

Fruitlend Borec Alkaloid

Ракометарите на Фруитленд Борец го запишаа шестиот пораз во седмиот натпревар од Супер лигата, откако на домашен терен загубија убедливо од актуелниот освојувач на Купот, Алкалоид со 22:40.

Содржината продолжува под рекламата

Победникот беше решен уште по првото полувреме кога изабраниците на селекторот Кирил Лазаров поведоа со девет гола разлика, 18:9, а голманот на Алкалоид Галевски собра 11 одбрани.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Најефикасен кај Фруитленд Борец одново беше Ивица Илиев со седум погодоци, а на голот се истакна Бојан Солев со девет одбрани. Кај гостите од Скопје најефикасен беше Митев со седум погодоци. За велешани следен предизвик е гостувањето кај последнопласираната екипа на Радовиш.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: