Ракометните пионери на Фруитленд Борец ги освоија трите бода на гостувањето во Прилеп кај истоимената екипа. Јунак на натпреварот беше Амбарков Ѓорѓија кој ја наполни мрежата на домаќините со 11 погодоци.
Во доста изедначен натпревар, велешани го имаа минималното водство скоро цел натпревар. На полувреме се замина со резултат 10:10, а до крај се играше гол за гол. Натпреварот го одлучи Симон Бобевски со својот втор погодок и втор тримф во пионерската ракометна лига.
По четири одиграни кола Фруитленд Борец има скор од две победи и еден пораз и се наоѓа на делба на второто место во пионерската ракометна лига Група Б. Во наредното коло во Велес гостува екипата на Еурофарм Пелистер 2.